ВЕ МОЛИМЕ ПОЧЕКАЈТЕ..
Наградна игра „ИГРАЈ И ДОБИЈ СО COLGATE-PALMOLIVE&TINEX “
ПРАВИЛА НА НАГРАДНАТА ИГРА
Член 1
Организатор на наградна игра и територија на која се одвива наградната игра
Наградната игра на Тотал Комуникација СКП ДОО-Скопје, ул.Елисие Поповски Марко 49/1б, Скопје, ќе се вика„ ИГРАЈ И ДОБИJ СО COLGATE-PALMOLIVE&TINEX “.
Наградната игра на Тотал Комуникација СКП ДОО-Скопје ќе трае во период од 20.05.2022 до 20.06.2022 година во сите маркети на Тинекс низ целата територија на Република Северна Македонија. Целта на наградната игра е рекламирање на производите „Колгејт и Палмолив“.
Член 2
Име, времетраење, механизам на наградна игра
Право на учество во наградната игра има секој полнолетен граѓанин на Република Северна Македонија со наполнети 18 години. Механизмот на Наградната игра „ИГРАЈ И ДОБИЈ СО COLGATE-PALMOLIVE&TINEX “ е следен: Со купување на било кои производи од брендовите Колгејт, Палмоливе и Ајакс во вредност од 299 ден.,во период од 20.05.2022 до 20.06.2022 година на било кое продажно место на Тинекс маркетите во Република Северна Македонија, потрошувачот треба да го испрати бројот на фискалната сметка и времето на купување напишано на сметката (час и минута), преку СМС порака на телефонскиот број 149-941. Порака на овој телефонски број може да испратат сите корисници на операторите А1 и Македонски телеком во Република Северна Македонија.
Деталните правила се следни:
- Почнувајќи од 20.05.2022 год. од 00:01 часот, заклучно до 20.06.2022 до 23:59 ќе може да се праќаат СМС пораки на бројот 149-941, кои ќе го содржат бројот на фискалната сметка и времето на купување напишано на сметката (час и минута). Ако испраќањето на пораката е успешно, учесникот ќе добие повратна СМС порака за учество и линк до интернет страницата http://www.awt.mk/ и www.tinex.com.mk каде ќе може да ги прочита официјалните правила за наградната игра. Доколку праќањето на пораката е неуспешно, учесникот ќе добие повратна СМС порака дека бројот на фискалната сметка веќе бил претходно искористен или дека е испратен неправилен формат на број на фискалната сметка, проследен со број од контакт центарот на организаторот 078 269 572, каде учесниците ќе можат да добијат поддршка поврзана со наградната игра, секој работен ден од 08:00 – 16:00 часот.
Сите пораки ќе се тарифираат по цена на стандардна СМС порака односно 5,9 денари со вклучен ДДВ, на товар на испраќачот. Организаторот нема влијание во менување на цената и затоа истиот не презема одговорност за можна промена на цената на пораките.
Еден учесник може да учествува во наградната игра со неограничен број на СМС, но со користење на различни фискални сметки, и со тоа да ги зголеми своите шанси за добивка на награда. Секоја фискална сметка може да учествува само еднаш.
При испраќање на неточни, нецелосни или невалидни броеви на фискални сметки и неисполнување на другите услови за учество (доколку учесникот не ја исполнува возрасната граница и слично) учесникот ќе биде дисквалификуван од наградната игра и ќе го изгуби правото на добивање награда.
Правото на учество е забрането за вработените на Организаторот Тотал Комуникација СКП ДОО-Скопје, вработените нa нарачателот АВТ Интернатионал ДОО Скопје, НТХ Медиа Македонија ДООЕЛ, вработените во Тинекс маркетите како и нивните блиски членови од семејството.
*Организаторот и операторите не се одговорни за евентуални потешкотии на мобилните мрежи или за прекините во комуникација.
Член 3
Право на учество и награден фонд
Во наградната игра, право на учество имаат сите лица над 18 години, кои се граѓани на Република Северна Македонија и ги исполнуваат условите на учество. За купени производи од брендовите Колгејт, Палмоливе и Ајакс во вредност од 299 ден треба да испратат СМС порака на 149-941 од операторите Македонски Телеком и А1 во Република Северна Македонија. Учесниците во наградната игра, ќе може да испратат СМС започнувајќи од 20.05.2022 г., од 00:01 часот, па се до 20.06.2022 г., 23:59 часот, по што СМС платформата ќе биде затворена. Со учество во наградата игра, учесниците потврдуваат дека ги разбираат условите и се согласуваат со правилата за учество.
Наградите се материјални и истите се детално приложени во ЛИСТАТА НА НАГРАДИ. Вкупниот награден фонд на наградната игра изнесува 64.297,00 денaри, со зборови: шеесет и четири илјади двестотини деведесет и седум денари, со вклучен ДДВ 18%.
ЛИСТА НА ДИРЕКТНИ (ИНСТАНТ) НАГРАДИ
БРОЈ НА НАГРАДИ
ЕДИНЕЧНА ЦЕНА
ВКУПНО со пресметан ДДВ
Апарат за готвење на топол воздух
3
4.499,00
13.497,00
Блендер
2.039,00
6.117,00
Машина за кафе
4.696,00
14.088,00
Ваучери за пазарење од Тинекс
25
1.000,00
25.000,00
Пакет производи Колгејт
223,80
5.595,00
ТОТАЛ НАГРАДЕН ФОНД СО ВКАЛКУЛИРАН ДДВ
64.297,00
Член 4
Извлекување, информирање и објавување на добитници
Сите СМС пораки се собираат и од нив се извлекува добитникот.
Добитниците на награди во наградната игра ќе бидат извлечени по електронски пат преку компјутерска селекција од база на испратени СМС пораки. Наградите ќе бидат извлечени во просториите на Организаторот Тотал Комуникација со помош на софтвер од НТХ Медиа Скопје (со седиште на ул. Дебарца бр.10) кој по однапред дефиниран алгоритам, автоматски ги извлекува случајните добитници.
Ќе има комисија која ќе биде задолжена за регуларноста на наградната игра, регуларноста на извлекувањето на добитниците и ќе даде официјален извештај согласно Законот. Комисија ќе биде составена од преставник од Тотал Комуникации СКП ДОО, АВТ Интернатионал ДОО Скопје, НТХ МЕДИА МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ СКОПЈЕ и овластен нотар.
Добитниците на сите награди, ќе бидат извлечени на 22.06.2022 г., во 12 часот (на пладне) и во ова извлекување ќе учествуваат сите добиени пораки кои биле испратени за наградната игра.
За сите награди ќе бидат извлечени по 2 резерви кои ќе се земат во предвид по редоследот на влечење доколку прво извлечениот добитник е невалиден или Организаторот не може да го исконтактирa.
Откако ќе се направи потребната верфикација и потврда на добитниците (нивниот телефонски број со кои се регистрирале со скриени послени 3 цифри), ќе бидат објавени на интернет страницата http://www.awt.mk и www.tinex.com.mk во рок од 3 дена по извлекувањето.
Наградите ќе може да се подигнат од Супер тинекс маркетот што се наоѓа во Ист Гејт Мол.
Во случај на непредвидени пречки во текот на редовното работење предизвикано од виша сила, услови на вонредна состојба, пандемија и сл. извлекувањето на наградите и доделувањето на истите ќе се спроведува на начин адаптиран согласно мерките кои ќе бидат активни во моментот согласно член 8 од Законот за игри на среќа.
Член 5
Известување на добитниците на награди
Известувањето на добитниците ќе се изврши по СМС порака или телефонски повик на броевите преку кои потенцијалните добитници учествувале во наградната игра и ќе треба во рок од 48 часа од добивање на СМС пораката, добитниците да ги достават бараните податоци и фискалната сметка за да може да се верификуваат и објават како официјални добитници.
Обврска на секој учесник е редовно да ги проверува телефонските повици /СМС пораки на својот мобилен телефон, а исто така и да биде достапен за добивање на информации во текот на наградната игра.
Доколку учесникот не е достапен или пак не ги достави бараните податоци во рок од 72 часа од моментот на праќање на пораката или добиениот телефонски повик, од било која причина, потенцијалниот добитник го губи правото на награда и истата се пренесува на првата резерва. Организаторот нема да има дополнителна одговорност кон учесникот.
Добитникот ќе треба да достави документ за идентификација (име, презиме, дата на раѓање, матичен број и адреса на живеење) како и слика од фискалната сметка која била испратена за учество во наградната игра. Бараните податоци, добитникот ќе треба да ги достави до организаторот преку е - маил адресата info@t-c.com.mk, на вибер или лично во просториите на организаторот. Подигнувањето на наградата ќе може да го реализира и друга личност, но само со законско овластување од страна на добитникот, заверено на нотар.
При предавањето на наградата, добитникот на наградата е должен да потпише потврда за преземање на наградата и да ја прикаже оригиналната фискална сметка.
Добитниците на наградите, наградите ќе може да си ги подигнат во рок од 60 дена од денот на објавувањето на добитниците на наградите.
Според правилата за подигнување на награда, доколку некои од добитниците не ги почитуваат или го надминат наведениот рок, го губат правото на истата.
Наградите кои нема да бидат доделени остануваат во сопственост на Организаторот.
Член 6
Информирање за наградна игра
Учесниците ќе бидат информирани за правилата на наградната игра, фондот за награди и условите за учество преку надворешни информативни канали, интернет страниците www.awt.mk и www.tinex.com.mk како и пропаганден материјал на продажните места.
Наградната игра ќе може да започне откако Министерството за финансии на Република Северна Македонија ќе даде согласност за почеток на наградната игра.
По добиеното одобрение од страна на Министерството за финансии на Република Северна Македонија, правилата за наградата игра стапуваат на сила.
Член 7
Согласност за користење на лични податоци
Со учество во наградната игра, учесникот се согласува да ги даде личните податоци на Организаторот, за користење при реализација на наградата игра, без временско ограничување. Организаторот има право да ги користи личните податоци на секој учесник за потребите на наградната игра. Организаторот не смее да ги користи податоците за било која друга намена, која не е во согласност со законот. Личните податоци на учесниците на наградната игра, ќе се користат само согласно Законот за заштита на лични податоци (Службен весник на Република Северна Македонија број 7/2005, 103/2008, 124/2008, 124/2010, 135/2011, 43/2014, 153/2015 и 99/2016).
Член 8
Право на приговор
Право на приговор има секој добитник на некоја од наградите во рок од 7 дена од денот на објавување на добитниците. Приговорот се доставува до организаторот на наградната игра. Организаторот има обврска во рок од 7 дена да даде одговор на приговорот.