ВЕ МОЛИМЕ ПОЧЕКАЈТЕ..
1.Користењеe-tinex.mk, веб-страната може да се користи без никакви надокнади за користењето, а во согласност со овде наведените услови и правила.Корисниците помлади од 18 години не смеат да ја користат веб-страната на e-tinex.mk ТИНЕКС-МТ ДООЕЛ Скопје не поседува или одржува информации за никого под 18години возраст, и веб-страната не е дизајниранa за да привлече некој кој е под 18 годишна возраст.Со користењето на интернет продавницaтa на e-tinex.mk се обврзувате да ги почитувате следниве услови и правила.Забранета продажба на алкохолни пијалоци и цигари на лица со возраст под 18 години и на енергетски пијалоци на лица со возраст под 14 години.Со купувањето на овие производи се изјаснувате дека имате 18 години, односно 14 години и повеќе.2.УсловиУсловите за купување на производи преку интернет продавницaтa на ТИНЕКС-МТ се дефинирани со следниве параметри: нарачка, подготовка, испорака, плаќање, рекламација.Испорачателот на производите е друштвото за трговија на големо и мало и услуги ТИНЕКС-МТ, Подружница Е-трговија koj преку своjaтa интернет продавницa овозможува купување на голем дел од асортиманот на производи кои се наоѓаат во неговата понуда. Kупувач се смета секоe правно и физичко лице кое преку електронски пат ќе нaрача производи во вредност од најмалку 300ден. Сите цени се изразени во македонската национална валута (ден) со вклучен ДДВ.3.НарачкаПроизводите се нарачуваат по електронски пат со селектирање на одреден производ и додавање во потрошувачката кошничка . Производите се сметаат за нарачани во моментот кога купувачот ќе избере, нарача и го изврши плаќањето.ТИНЕКС-МТ се обврзува да ги испорача сите нарачани производи кои за време на испораката ги има во магацин. Доколку не е во можност да испорача било кој од нарачаните производи, има должност да го контактира корисникот телефонски или преку e-mail и по можност да го замени производот со друг соодветен.4.ЦениЦените важат на денот на нарачката.5.Ориентациона ценаЦената во Вашата кошничка е ориентациона цена. Тоа е наша проценка колку ќе изнесува Вашата нарачка кога ќе Ви ја доставиме сo нарачаните производи. Меѓутоа истата може да се разликува минимално во зависност од производите кои Ви се испорачани. Тоа посебно се однесува во делот на пакуваните производи со различна грамажа (пр. Сувомеснати производи, млечен програм, замрзнат програм, итн.)6.Подготовка на нарачкатаНарачаните производи ќе бидат соодветно спакувани.Купувачот е должен при превземањето на нарачката да ја провери од евентуалните оштетувања и веднаш да ја рекламира. Во спротивно не се превзема никаква одговорност по однос на рекламацијата за испорака на производите.7.ПлаќањеКупувачот се обврзува да ја плати сумата за испорачаните производи преку следниов начин на плаќање: - со платежни картички по електронски пат-со користење на поени од Поен + картичката за лојалност.За да се плати ф-рата во целост или дел од истата со користење на поени од Поен + картичката за лојалност потребно е најпрво да се направи поврзување на Вашата Поен + картичка за лојалност и Вашиот регистриран профил на сајтот e-tinex.mk .Kартичката се поврзува доколку веќе има направено нарачка и пред истата да се наплати на страната за наплата „Преглед на вашата нарачка“ има копче „Поврзи се со поен плус“.На страната „Поврзете ја вашата поен плус картичка“ внесете ги броевите од баркодот и кликнете на копчето „Испрати СМС“На вашиот мобилен (бројот со кои ја имате регистрирано клуб картичката) ќе добиете СМС порака со код за верификација.Кодот за верификација потребно е да се внесе во полето „СМС код“ и кликнете на копчето „Потврди“Исто така моменталната состојба на расположливи поени може да се провери во делот пред наплата на нарачката, на страната „Преглед на вашата нарачка“Поените прво ќе бидат резервирани (исто како и за средставата од mastercard/visa картичката) и истите ќе се одземат т.е. ќе се наплатат откако испораката ќе биде успешно доставена.Собирање на поениЗа добивање на поени важат истите правила и услови од програмата Поен+,(поени се добиваат за артикли со Поен+, и на износ од сметка) https://club.tinex.mk/About/SobiranjePoeni7.1 Плаќање преку интернет За успешно купување потребно е да го одберете типот на платежната картичка кој го поседувате во полето „Сопственик на картичка„ да се впише Името и Презимето кое се наоѓа на платежната картичка. Во полето „Број на платежна картичка„ да се впише бројот на картичката кој се наоѓа на предната страна и во полето „Датум на истек„ на картичката да се впише датумот на истек на картичката.8.ИспоракаНарачката ја доставуваме со сопствени возила, секој ден во рамките на термините за испорака понудени и избрани на веб страната e-tinex.mk Секој купувач е должен при испорака на производите да ги провери за евентуални оштетувања при транспорт, а доколку е поголема пратка да провери дали некој производ недостасува. Купувачот треба да ја пријави рекламацијата веднаш. Производите се заменуваат само под условите пропишани во Законот за заштита на купувачите.Доколку не сте дома, во Вашата канцеларија, во времето на испораката нашиот возач ќе ви телефонира. Ако не може да Ве добие ќе ви оставиме картичка со наведеното време во кое сме биле кај Вас и ќе побараме да не контактирате што е можно побрзо на телефонот наведен на картичката. Доколку при испорака на нарачката во зградата нема лифт или истиот не е во употреба, нарачката ќе ви биде доставена до влезната врата на станбениот објект. Забелешка: Не може да Ви гарантираме дека возачот ќе може да ви ги испорача производите истиот ден.9. Има ли доплата за испораката?Да. Доплатата не е фиксна и зависи од износот на самата нарачка. 1. За износ на нарачка до 900 денари доплатата изнесува 150 денари 2. За износ на нарачка од 901 денар до 1700 денари доплатата изнесува 120 денари. 3. За износ на нарачка од 1701 денар до 2500 денари доплатата изнесува 100 денари. 4. За износ на нарачка над 2500 денари доплатата е бесплатна10.Враќање/ Рекламација на производиКУПЕНАТА ТРГОВСКА СТОКА КОЈА НЕ Е СООДВЕТНА ВО ОДНОС НА ФОРМАТА, ГОЛЕМИНАТА, МОДЕЛОТ,БОЈАТА, БРОЈОТ ИЛИ ОД ДРУГА ПРИЧИНА МОЖЕ ДА СЕ ЗАМЕНИ СО СТОКА КОЈА ИМА СООДВЕТЕН КВАЛИТЕТ, ВО РОК ОД 15 ДЕНА СМЕТАНО ОД ДЕНОТ КОГА СТОКАТА МУ Е ПРОДАДЕНА НА ПОТРОШУВАЧОТ.ЗАМЕНАТА НА СТОКАТА СО СООДВЕТЕН КВАЛИТЕТ СЕ ВРШИ АКО СТОКАТА НЕ БИЛА УПОТРЕБУВАНА, АКО СЕ СОЧУВАНИ НЕЈЗИНИОТ ИЗГЛЕД, УПОТРЕБНИ СВОЈСТВА, ПЛОМБИ И ФАБРИЧКИ ОЗНАЧУВАЊА, КАКО И ФИСКАЛНАТА СМЕТКА ШТО НА ПОТРОШУВАЧОТ МУ БИЛА ИЗДАДЕНА.АКО ВО МОМЕНТОТ НА ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕТО ОД СТРАНА НА ПОТРОШУВАЧОТ ТРГОВЕЦОТ ТИНЕКС-МТ НЕМА СООДВЕТНА СТОКА, ПОТРОШУВАЧОТ ИМА ПРАВО , ПО СВОЈ ИЗБОР ДА БАРА ВРАЌАЊЕ НА ПЛАТЕНИОТ ИЗНОС ИЛИ ДА ЈА ЗАМЕНИ СТОКАТА СО ДРУГА СООДВЕТНА СТОКА КОГА ТРГОВЕЦОТ ТИНЕКС-МТ ЌЕ РАСПОЛАГА СО ТАКВА СТОКА.ТРГОВЕЦОТ ТИНЕКС-МТ ЌЕ ГО ИЗВЕСТИ ПОТРОШУВАЧОТ КОЈ БАРАЛ ЗАМЕНА НА СТОКАТА ДЕКА РАСПОЛАГА СО ТАКВА СТОКА ВО РОК ШТО НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ПОДОЛГ ОД 30 ДЕНА ОД ДЕНОТ НА ПРИЕМОТ НА БАРАЊЕТО ЗА ЗАМЕНА НА СТОКАТА.Враќање на поенитеПоените прво ќе бидат резервирани (исто како и за средствата од mastercard/visa картичката) и истите ќе се вратат доколку испораката нема да биде успешно доставена/испорачана или истата ќе биде навремено откажана.11.Изјава за заштита и чување на личните податоци од неовластено користењеТИНЕКС-МТ се обврзува да ги заштити податоците на своите корисници. Ги регистрираме само основните податоци потребни за непречена работа и истите ги користиме за информирање на корисниците за начинот на нивното користење. Постојано им даваме на корисниците можност за избор при употребата на нивните податоци, вклучувајќи ја и одлуката дали тие сакаат или не нивното име да се избрише од листата која се користи за маркетинг кампањите. Сите податоци за корисниците строго се чуваат и достапни се само на оние лица кои ги извршуваат непосредните активности вклучени со корисниците. Сите лица во ТИНЕКС-МТ се одговорни за почитување на начелата за заштита на приватноста.12.РегистрацијаЗа да се регистрирате на нашата интернет страна треба да го пополните формуларот даден на e-tinex.mk Купувачот ја сноси одговорноста за точноста и потполноста на внесените податоци при регистрацијата. Доколку дојде до промени на поедини податоци кои ги имате внесено при регистрацијата, должни сте да го ажурирате вашиот профил како би не информирале за настанатите промени.13.Надворешни услугиУслугите кои Ви ги овозможува ТИНЕКС интернет продавницата не ги вклучуваат трошоците што ги сносите користејќи ја компјутерската опрема и услугите за пристап на нашите страни. ТИНЕКС-МТ не е одговорен за трошоците за телефонот или било кои други трошоци кои може да настанат.14.Интелектуална сопственостСодржината на e-tinex.mk интернет продавницата е заштитена и ТИНЕКС-МТ го има еднинственото право за нејзино користење. За секое комерцијално користење на содржината од e-tinex.mk мора предходно да добиете одобрение и да контактирате на e-mail: manager@e-tinex.mk15.ДостапностИако ТИНЕКС-МТ настојува да Ви ја даде најдобрата понудена услуга, не може да гарантира дека услугите на e-tinex.mk ќе одговараат на Вашите потреби. ТИНЕКС-МТ исто така не може да гарантира дека услугите ќе бидат без грешки. Доколку дојде до такво нешто Ве молиме да се јавите на моб. телефон 070378709 или на orders@e-tinex.mk како истата би ја отклониле во најбрз можен период. Пристапот до e-tinex.mk понекогаш може да биде недостапен поради работа и одржување на истиот или воведување на нови содржини.ТИНЕКС-МТ го задржува правото на измена на овие услови и правила без претходна најава.Сите промени се применуваат на користењето на e-tinex.mk веб страната. Доколку не се сложувате со наведените правила на користење или не сакате да ги прифатите, Ве молиме да се обратите на моб телефон 070378709 или на e-mail: manager@e-tinex.mk со своите забелешки. За тоа време Ве молиме да не ги користите уcлугите на нашите интернет продавници на веб страната e-tinex.mk.
Дали сакате производите да Ви бидат спакувани во кеси? (ве молиме одберете доволен број на кеси)