ВЕ МОЛИМЕ ПОЧЕКАЈТЕ..
● Како да нарачам? Процесот на нарачка на производи од e-tinex се состои во неколку лесни чекори: 1. Креирање кориснички профил За да можете да почнете со нарачка на производи, потребно е да креирате кориснички профил на www.e-tinex.mk со внесување на основните податоци, адреса на живеење и контакт телефон. Следете ги понатамошните инструкции за верификација на корисничкиот профил. Штом ги завршите сите чекори од регистрацијата, може да започне со нарачка на производи. 2. Подготовка на нарачката Изберете ги саканите производи и потребната количина и кликнете „Додај во кошничка“. Штом завршите со нарачката отворете ја вашата кошничка и кликнете го копчето за наплата. 3. Резервација на средства Потврдете ја нарачката во делот „Преглед на вашата нарачка“, изберете град, термин и ден за испорака. Доколку имате Поен+ картичка, кликнете на копчето „Поврзи се со поен плус“ за да ја поврзете вашата Поен+ картичка и да ги добиете поените кои ви следуваат при купувањето. Штом сите полиња бидат потврдени, можете да продолжите кон плаќање на нарачката со својата платежна картичка и/или Поен+ поени. По уплатата на нарачката, средствата( и поените) се одземаат од вашата сметка и се резервираат, но се уште не се врши конечна наплата на нарачката. Корисникот добива код за потврда на нарачката на е-mail адреса и СМС порака. Овој код е потребен за верификација на нарачката при достава на производите на врата. 4. Достава на нарачката Нарачката се подготвува и се доставува до вашата локација во избраниот термин за достава. При испораката на врата се прави потврда на нарачката со внесување на кодот од нарачката. Со овој чекор, нарачката конечно се смета за наплатена и од претходно резервираните средства од вашата платежна картичка и поени од вашата Поен+ картичка, се задржуваат средства еднакви на вредноста на доставените производи кои се потврдени со предавање на верификацискиот код на доставувачот на роба. 5. Враќање на резервирани средства Доколку има разлика помеѓу износот на нарачаните производи и износот на доставените производи или нарачката е откажана поради било која причина, парите се враќаат на сметка на корисникот од страна на банката. Овој процес трае еден до три работни денови зависно од Банката издавач на платежната картица. Доколку дел од нарачката е платена со користење на Поен+ поени, разликата од износот на нарачаните производи и износот на доставените производи прво се враќа во вид на поени на вашата Поен+ картичка(10поени=1ден.), а доколку разликата е поголема од резервираните поени, остатокот се враќа во вид на пари на сметка на корисникот од страна на банката. Доколку целата нарачката е платена со користење на Поен+ поени, разликата од износот на нарачаните производи и износот на доставените производи се враќа во вид на поени на вашата Поен+ картичката(10поени=1ден.).
● Како можам да ja платам нарачката? Сите нарачки од e-tinex.mk може да се платат со платежна картичка и/или со Поен+ поени, при потврда на нарачката. Доколку вашата Поен+ картичка е поврзана со вашиот кориснички профил на e-tinex.mk, нарачката може да се плати делумно или целосно со Поен+ поени (10поени=1ден.). При целосна наплата на нарачката со поени, од платежната картичка на корисникот ќе му биде одземен 1 денар за потврда на трансакцијата. Засега, не постои можност за плаќање во готово по преземање на нарачката на врата.
● Дали можам да ја платам целата нарачка со Поен+ поени? Доколку вашата Поен+ картичка е поврзана со вашиот кориснички профил на e-tinex.mk, можете да ја платите нарачката делумно или целосно со Поен+ поени (10поени=1ден.). При целосна наплата на нарачката со поени, од вашата платежна картичка ќе ви биде наплатен 1 денар за потврда на трансакцијата.
● Во кои градови се врши достава на нарачките? Купувањето преку нашата интернет страница може да се реализира од било коja локација, но испораката се спроведува само во поширокото подрачје град Скопје. ● Има ли доплата за испораката? Да. Доплатата не е фиксна и зависи од износот на самата нарачка: - За износ на нарачка до 900 денари доплатата изнесува 150 денари - За износ на нарачка од 901 денар до 1700 денари доплатата изнесува 120 денари. - За износ на нарачка од 1701 денар до 2500 денари доплатата изнесува 100 денари. - За износ на нарачка над 2500 денари доплатата е бесплатна
● Што ако нарачаниот производ го нема на залиха? При подготвување на нарачката можно е некои производи во моментот да не бидат достапни во нашиот пункт за подготовка на нарачки и според тоа да не можат да бидат испорачани. Во случај кога некој производ не е достапен за нарачка, ќе бидете телефонски исконтактирани од страна на нашиот тим за подготовка на нарачките и ќе ви биде понудена опцијата за нарачка на заменски производ со слична цена како избраниот производ. Опцијата за избирање на заменски производи, доколку саканите производи не се достапни за нарачка, се наоѓа во делот „Преглед на вашата нарачка“, каде може да означите дека се сложувате да добиете заменски производ со слична цена со штиклирање на полето. ● Дали ќе ми бидат вратени парите доколку не ми се донесени сите производи? По уплатата на нарачката, средствата се одземаат од сметката на корисникот и се резервираат, но се уште не се врши целосна наплата на нарачката. Доколку има разлика помеѓу износот на нарачаните производи и износот на доставените производи или нарачката е откажана поради било која причина, парите и/или поените се враќаат на сметка на корисникот од страна на Банката или на Поен+ картичката на корисникот. Овој процес трае еден до три работни денови зависно од Банката издавач на платежната картица.
● Кога ќе ми бидат вратени парите од нарачката? При достава на нарачката, корисникот прави потврда на нарачката со кодот за верификација добиен по SMS порака или email адреса. Со овој чекор, нарачката конечно се смета за наплатена и од претходно резервираните средства од Вашата платежна картичка, се задржуваат средства еднакви на вредноста на доставените производи, кои се потврдени со предавање на верификацискиот код на доставувачот на нарачката. Доколку има разлика помеѓу износот на нарачаните производи и износот на доставените производи или нарачката е откажана поради било која причина, парите и/или поените се враќаат на сметка на корисникот од страна на Банката или на Поен+ картичката на корисникот. Овој процес трае еден до три работни денови зависно од Банката издавач на платежната картица.
● Кога ќе ми биде доставена нарачката? Со избирањето на термин за достава не се дефинира точното време на испорака на нарачката, туку се утврдува временската рамка во која нарачката треба да биде доставена. Тоа значи дека, доколку на пример, сте го одбрале термин за достава во Скопје (11:00-12:00 часот), нарачката ќе ви биде доставена во овој временски период. Пред нарачката да биде доставена, корисникот телефонски се известува за планираното време за достава на неговата нарачка и се прават промени на времето на достава, по желба на корисникот и во согласност со можностите на службата за достава.
● Што ако доставата доцни? За сите отстапувања од договорениот термин за достава ќе бидете навремено информирани од нашиот тим. Доколку вашата нарачка не е доставена во избраниот термин и не сте биле претходно известени за доцнењето, можете да се јавите во контакт центарот (02)15 552 за да ве поврзат со одговорните лица од службата за достава кои ќе ви дадат подетални информации за времето на испорака. Во краен случај, имате право да ја откажете нарачката. ● Дали има можност за рекламација по доставата? При купување од нашата интернет продавница дозволени се рекламации на нарачките во согласност со нашата Политика за поврат на средства според која, потрошувачот може да го врати било кој неупотребуван, неотпакуван производ во рок од три дена, заедно со приложената фискална сметка и истиот да се замени со друг соодветен производ. Купувачот исто така има право на рекламација кога се испорачани производи кои не се нарачани или кога се испорачани производи кои имаат грешка или оштетувања кои настанеле при транспортот или од производителот. Оваа политика, заедно со Политиката за достава на производи и Политика на приватност се истакнати на веб страната на нашата продавница, за да може сите корисници да се информираат за своите права и обврски при пазарењето од нашата е-проданица.
● Во која ваша служба може да се пожалат незадоволните потрошувачи? За сите пофалби, поплаки и прашања во врска со е-tinex.mk може да се јавите во контакт центарот на телефон 02 15 552. Контакт ценарот работи од понеделник до сабота од 09:00-17:00 часот. Контакт центарот на дневно ниво доставува извештај за сите пофалби, поплаки и прашања кои биле добиени претходниот ден до одговорните лица за интернет продавницата, а тие ги разгледуваат сите и одговараат соодветно на истите според потребите.
● Заборавив да нарачам еден производ, а веќе платив за мојата нарачка. Дали можам да направам промени на веќе потврдената нарачка? За жал, штом нарачката ќе биде потврдена и ќе бидат резервирани средства од платежната картичка на корисникот и/или Поен+ поени, истата не може да се менува т.е не може да се додаваат или одземаат производи.
Дали сакате производите да Ви бидат спакувани во кеси? (ве молиме одберете доволен број на кеси)